Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот го потпишал долго очекуваниот закон со кој се поедноставува постапката за странците да добијат руско државјанство, бидејќи таа земја сака да привлече до 10 милиони мигранти до 2025-та година.
Според новите правила, одредени групи на странци сега можат станат Руси на многу поедноставен начин. Странските државјани кои имаат руски родители, кои се во брак со Руси или имаат дете со руски државјанин, сега можат брзо и самите да добијат пасош. Стекнувањето на руско државјанство исто така е наменето на странци со живеалиште во земјата.
Во април рускиот парламент усвоил револуционерен закон со кој им дозволува на странците да станат руски државјани, а да не се откажат од постоечките пасоши. Со помош на поедноставниот процес, земјата се надева дека ажурираните услови за добивање на државјанство ќе им помогнат на милиони нови Руси. Како што стојат работите, природното население на најголемата држава во светот полека опаѓа. Во 2018-та година бројот на руски државјани опаднал за прв пат во деценијата. Овој тренд продолжил и во 2019-та година, кога бројот на починати го надминал бројот од 250.000 родени.
За граѓаните од Белорусија, Казахстан, Молдавија и Украина, како и поранешните држави на СССР, процедурата станала уште поедноставна.
Лицата од овие категории повеќе не мора да живеат во Русија три години пред регистрацијата. Путин во 2019-та година спровел уште подиректна постапка за жителите на таканаречени, самопрогласени Република Доњецк и Луханск, кои се наоѓаат на истокот на Украина.
Константин Затулин, член на работната група со задача да го ажурира рускиот закон за миграција, во февруари објаснил дека промената на законот значела “добивање на пасош за странците на полесен начин”. Работната група се надева дека до 2025-та година ќе привлече меѓу 5 и 10 милиони нови граѓани, бидејќи оваа земја сака да ја прошири миграцијата во корист на подобрување на руската економија. Во понеделникот, потпретседателката на владата, Татјана Голикова, објавила дека Русија настојува да го промени својот систем за миграција во корист за поквалитетна миграција, за привлече високо квалификуван персонал во земјата”.