Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ја поддржува одлуката на египетскиот маршал Абдел Фатах ал Сиси да учествува на претседателските избори, што ќе се одржат оваа година во Египет, пренесе „АФП“.
За време на состанокот со Ал Сиси во Москва, Путин изјавил дека ја поддржува одлуката на египетскиот военноначалник да се кандидира на претседателските избори .
Минатата недела локалните медиуми објавија дека Ал Сиси ќе учествува на претседателските избори. Подоцна сепак египетската армија изјави дека зборовите на военноначалника биле неправилно интерпретирани.