![DV1601789](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/putin-nema-da-ni-pushti-gas-kej-smrzneme-ouch-01.jpg?resize=696%2C435&ssl=1)
Летонија е единствената земја способна да ја преживее зимата без рускиот гас, а најзагрозени се Србија и Бугарија, изјавил Михаил Корчемкин.
Поради несогласувањата помеѓу Европската унија и Русија околу Украина можно е рускиот претседател Владимир Путин оваа зима да го прекине протокот на гас кон Полска, Словачка и Унгарија, предупредуваат европските аналитичари.
Се претпоставува дека тоа ќе биде казна за санкциите кои Европската унија ги воведе кон Русија. Во овие земји настанала вистинска паника, а експертите велат дека најголема опасност му се заканува токму на Балканот!
Чешкиот министер за индустрија и трговија, Јан Младек, ја повикал ЕУ забрзано да ги решава проблемите со испораката на рускиот гас бидејќи инаку би ни следувала реприза од гасната криза од 2009-та година и по негова оцена, сериозна хуманитарна закана за Балканот.
Младек во Прага, на конференцијата на Бизнис форумот за снабдување на Европа со гас предупредил дека балканските земји како Бугарија и Босна и Херцеговина, како и Молдавија, добиваат гас само преку Украина, пренесува Beta.
Предупредување – “Ризикот дека на Балканот може да дојде до хуманитарна катастрофа и луѓето да замрзнат е реален”, изјавил Младек и повикал ЕУ да ги реши потенцијалните проблеми со испорака на гас во Европа уште сега, да не чека до јануари.
“Летонија е единствената земја која има капацитет да ја помине зимата без рускиот гас. Сите други земји од централна и источна Европа немаат доволно гас, а особено се загрозени оние на југоисток, како Бугарија и Србија кои речиси 100 години се зависни од рускиот гас”, тврди аналитичарот Михаил Корчемкин за Блумберг.
Откриле јаглен – Дека оние кои стравуваат не се само од Балканот доказ е тоа што – од страв дека политичките кризи ќе предизвикаат реприза на гасната криза од 2009-та година – Полјаците веќе започнале масовно да се снабдуваат со јаглен и дрва, па дури и оние кои со години се греат само на гас.
Навалата кон ова алтернативно гориво за печка и котларница ја предизвикале информациите од минатата недела кога “Gasprom” ги намалил испораките кон Полска, најпрво за 20% во однос на нарачаниот дневен обем, а потоа дури за 45% од минатата среда.
“Луѓето кои инсталирале печка на гас, а за секој случај не ги тргнале старите на јаглен, сега доаѓаат и купуваат до три тони јаглен. Тоа е речиси секој десетти клиент. Порано не сум имал вакви потрошувачи бидејќи се топлат на гас и воопшто не размислувале дека јагленот може да им затреба”, изјавил продавачот на јаглен Јарослав Бучек од Хелма.