Во соопштението објавено на сајтот на Кремљ се вели дека основна задача за новата агенција ќе биде да известува за државната политика на Руската федерација во странство и животот во Русија.
Со истиот указ, на новата Меѓународна информативна агенција „Русија денес“ и припаѓа во сопственост и радиото „Глас на Русија“, а редакцијата на весникот „Росискаја газета“ се реорганизира и на нив им се припојува магазинот „Родина.“
Генералниот директор ќе го именува и разрешува претседателот на Руската федерација. За прв директор на новата агенција Путин го назначи Дмитриј Кисјелов.