Виктор Јанукович немал шанса за реизбор како претседател и практично ја предал доброволно својата власт на 21 февруари, смета рускиот претседател Владимир Путин, пренесе „РИА Новости“.
„Би сакал да дознаам зошто се дојде до тука, тој доброволно ја предаде целата власт и сметам и сум му кажал, дека тој нема никакви шанси за реизбор. И сите се согласуваат со тоа. Сите мои колеги со кои сум разговарал. Зошто би било потребно да се занимава со незаконски, неуставни активности и да ја фрли земјата во хаос? Јанукович со посредство на тројца министри за надворешни работи од европски земји Полска, Германија и Франција, во присуство на мојот претставник Владимир Лукијан, го потпиша со опозицијата тогаш, на 21 февруари, договор со што практично ја предаде власта“, изјави Путин.