Рускиот претседател Владимир Путин изрази денеска подготвеност да го олесни дијалогот меѓу сирискиот претседател Башар ал Асад и опозицијата, со цел да дојде до „политички реформи и промени“, објави МИА.
– Подготвени сме да го натераме Асад да почне разговори со „здрава“ опозиција заради политички реформи, изјави Путин на меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург.
Тој уште додаде дека ќе продолжи да го поддржува Асад и оти се плаши од либиско или ирачко сценарио во случај сирискиот претседател да мора да замине од власт.