![putin vo parlament](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/putin-vo-parlament.jpg?resize=470%2C270&ssl=1)
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска во парламентот изјави дека Крим го искористи правото кое му е дадено на Косово.
„Кримските власти се повикани како и за косовскиот преседан кој нашите западни партнери сами го создадоа. Со свои раце. Ситуацијата е апсолутно аналогна на кримската. Признаа дека одвојувањето на Косово од Србија е легитимно, покажувајќи дека никаква дозвола на централната власт за одвојување на дел од државата не е потребно,“изјави тој.
Рускиот претседател Владимир Путин формално го извести рускиот парламент за барањето на Симферопољ, Крим да се соедини со Русија, укажувајќи дека реферндумот за статусот е одржан во согласност со демократските процедури и меѓународно право, нагласувајќи дека Русија не можела а да не одговори на молбата за помош, бидејќи тоа би било предавство.