0.8 C
Skopje
понеделник, јануари 20, 2025

Путин му ја честитал победата на Вучиќ, а разговарале и за Украина

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Рускиот претседател му ја честитал убедливата победа на неделните избори.

Двајцата претседатели ја анализирале економската ситуација и билатералните односи во сферата на енергетиката и трговската размена, која минатата година и првите два месеци од 2022 година забележала раст.

Тема на разговар била и ситуацијата во Украина. Вучиќ се повикал на ставовоте на Србија и изразил надеж дека конфликтот ќе заврши во најскоро време.

Последната средба меѓу Вучиќ и Путин беше во Москва на 25 ноември минатата година