Рускиот претседтел Владимир Путин во вторникот му ја честиташе на Џо Бајден победата на претседателските избори од 3-ти ноември, откако во понеделникот ткн електроски колегиум ја потврди дека демократскиот кандидат освоил 306 електорски гласови, наспроти 232 за актуелниот републикански претседател Доналд Трамп.
Путин му изразил успех на Бајден и изразил уверување дека Русија и САД, и покрај разликите, можат да придонесат за решавање на многу проблеми и предизвици во светот.
„Во телеграмата, Путин му посака успех на избраниот претедател и изрази увереност дека Русија и Соединетите држав, кои понесуваат особена одговорност за глобалната безбедност и стабилнот, можат, и покрај разликите, навистина да придонесат за решавање на многу проблеми и предизвици со кои се соочува светот во моментов“, се наведува во соопштението на Кремљ.
Путин, исто така, истакнал дека имајќи ја предвид оваа руско-американската соработка заснована на принципите на еднаквост и заемно почитување, би се одговориле на интересите на народите во двете земји и на целата меѓународна заедница.
„Од моја страна, подготвен сум за соработка и контакти со Вас“, истакнува Путин, меѓу другото, во телеграмата со честитките до Бајден.
За разлика до другите светски челници, кои по неколку дена и покрај нејасните резултати од гласањето и жестокот оспорување од страна на Трамп, рускиот претседател претходно објави дека ќе чека на официјално објавување на конечните резултати од американските претседателски избори.
Бидејќи досега тоа не го стори јавно надлежната американска агенција, Управата за општи работи, во Кремљ веројатно е проценето дека потврдата на резултатите од електорскиот колегиум во понеделникот значи и дека не се очекува никаква можна промена на исходот. Уште повеќе што судовите во најважните сојузни држави редум ги отфрлија тужбите и поднесоците од страна на тимот на Трамп во кои се тврди дека е на 3-ти ноември се случила голема изборна измама.