
Рускиот претседател Владимир Путин вечерва му честиташе на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за победата на референдумот.
Во телефонскиот разговор со Ердоган рускиот претседател разговарал и за засилените напори за нормализација на врските и го истакнал значењето на заедничката работа на засилување на примирјето во Сирија, пренесоа британските медиуми.
Ова го потврди и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе ТАСС.
Како што се наведува, двајцата претседатели разговарале и за меѓународната истрага по повод наводниот напад со хемиско оружје во Сирија.