Путин му порача на Западот дека го изгубил допирот со стварноста

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека САД настојуваат ширум светот да ја наметнат својата хегемонија во распаѓање, како и дека војната во Украина покажува колку ткн колективен Запад го изгубил допирот со стварноста.

„Ние не ја започнавме таканаречената војна во Украина. Токму спротивното, ние се обидуваме да ја завршиме“, рече Путин во обраќањето на состанокот на дебатниот клуб Валдаи во црноморското летувалиште Сочи.

Според рускиот челник, војната ја предизвикал Западот затоа што САД се однесувале како „хегемон“ кој себеси се смета за „еднинствениот арбитар за вистината на планетата“, и додаде дека Русија била принудена да возврати.

Путин повторно ги обвини САД дека арогантно им наложуваат на другите земји како да се однесуваат, пренесува Reuters.

„Цело време слушаме ‘Вие морате’, ‘Вие треба’, ‘Сериозно ве предупредуваме’. Кои сте вие воопшто? Кое право го имате да му се заканувате на кого и да е? Можеби е време да се ослободите од својата ароганција, да престанете така да се однесувате кон светот“, му порача Путин на Вашингтон во своето годишно обраќање на меѓународниот дебатен клуб.

Путин уште рече дека Русија сите цивилизации ги гледа како еднакви, како и дека е подготвена за „конструктивна соработка“, додека Западот, заборавајќи го значењето на компромисот, секоја земја којашто му се спротиставува ја смета за непријател. Како примери за тоа ги наведе Кина, Индија и арапските земји.

Рускиот претседател истакна дека западните челници го изгубиле „чувството за стварноста“ поради она што тој го нарече „колонијално размислување“ на Вашингтон. Притоа повторно го доведе во прашање правото на САД да ѝ држат лекции на која и да е друга земја.

За војната во Украина рече дека „постои непрестајно зголемување на воениот и политичкиот притисок“ од страна на Западот.

„Моравме да одговориме. Многупати реков дека не сме ние тие коишто ја започнавме специјалната воена операција во Украина. Токму спротивното, ние се обидуваме да ја завршиме (граѓанската) војна“, рече Путин алудирајќи на судирите меѓу новите прозападни власти во Киев по превратот во 2014 година и југоисточните доминатно руски и рускојазични регионуи.

Путин се освран и на судирот со Западт, велејќи дека „придржувањето до блоковскиот пристап и желбата светот да се одвлече во ситуација на траен судир меѓу ‘нас’ и ‘нив’ е злобно наследство од XX век“.

„Тоа е производ на западната политичка култура. На Западот секогаш му се потребни непријатели“, додаде рускиот претседател.

Путин, исто така, порача дека Русија ќе биде подотвена за конструктивна соработка со оние кои бараат мир и пропсеритет.

Изрази увереност дека мултиполарниот свет ќе биде воспоставен, и дека светот на иднината е светот на колективните одлуки.

Путин означи дека мисијата на Русија е да се „изгради новиот свет“, осудувајќи ја „западната хегемонија“ и ставајќи ја руската инвазија во Украина во истата перспектива, а не во перспективата на „територијален судир“.