
Рускиот претседател Владимир Путин му препорача на турскиот колега да ја прими руската вакцина Спутник V кога ќе реши да се вакцинира, но Реџеп Таип Ердоган му одговор дека веќе примил Фајзер.
Двајцата лидери се состанале во Сочи, на брегот на Црното Море, во резиденцијата на рускиот претседател.
Путин кој тукушто излегол од двонеделната изолација по ширењето на заразата во неговото опкружување, вели дека не се заразил иако цел ден бил во друштво со заразениот советник.
– Имам високо ниво на антитела. Фала му на Бога, имам среќа – рекол Путин во разговорот со Ердоган пред резиденцијата.
– Идниот пат кога ќе треба да се вакцинирате, сторете го тоа на време со Спутник – додал Путин.
Турскиот претседател одговорил дека ја примил и втората доза на Фајзер.
– Тогаш друг пат – возвратил рускиот претседател.