
Рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор во четвртокот на својот француски колега по должност му рекол дека целите на руската воена офанзива во соседна Украина – нејзината демилитаризација со неутрален статус и денацификација – ќе бидат постигнати, соопшти Кремљ.
Во телефонскиот разговор кој бил воден во четвртокот претпладнето, Путин му рекол на Макрон дека „бескопмромиско“ ќе ја продолжи борбата против „националистите“ во Украина, соопштил Кремљ а пренесува AFP.
Путин, исто така, предупредил дека секој обид од страна на Киев да ги одложу преговорите ќе доведе до тоа Москва да стави дополнителни ставки на нејзината листа барања.
Елисејскиот дворец претходно во четвртокот иобајви дека францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговарал и со Путин и со украинскиот претседател Владимит Зеленски. Според Елисејскиот дворец, разговорот меѓу Макрон и Путин траел час и половина, а потоа францускиот претседател му се јавил на Зеленски.
Агенцијата Reuters пренесува изјава на неименуван француски функционер според кој Макрон на Путин му кажал дека прави „голема грешка“ во Украина, дека се „залажува за влада во Киев“, и дека војната долгорочно скапо ќе ја чини Русија.
„Немаѓе ништо во она што претседателот Путин рече што би можело да нѐ убеди“, рекол тој анонимен советник на францускиот претседател, додавајќи дека Путин ја повторил „својата приказна“ дека бара „денацификација на Украина“.
„Се лажете самите себеси …Тоа скапо ќе ја чини вашата земја, вашата земја ќе заврши изолирана, ослабена и под санкции на многу долго време“, наводно му рекол Макрон на Путин, според неименуваниот соговорник на Reuters.
Макрон претходно во средата во обраќањето до нацијата рече дека „претседателот Путин е тој кој ја предизвијка војната со тоа што ги погази сите меѓународни принципи и ветувања“. Зеленски, пак, го пофали како „олицетворение на честа, слободата и храброста“.
„Ова не е само војна меѓу Западот и Русија, како што некои веруваат, НАТО нема воени бази во Украина, тоа се лаги. Русија не е загорзена, таа е агресор. Ова не е војна против нацизмот… тоа е лага“, тврдеше Макрон.
Во својот говор истакна дека сака да ги продолжи своите разговрои со Путин.
„Не сме во војна со Русија… Решив да останам во контакт со претседателот Путин и неуморно ќе продолжам да правам сѐ што е потребно да го убедам да се откаже од оружената сила“, додаде Макрон.