Рускиот претседател Владимир Путин во саботата му се извини на азербејџанскиот претседател за „трагичниот инцидент“ во рускиот воздушен простор кога се урна азербејџански патнички авион.
Во несреќата загинаа 38 лица, а преживеаја 29 патници од авионот, од кои некои се тешко повредени.
Летот „Ј2-8243“ се урна во средата во близина на градот Актау во Казахстан, откако по барање на пилотот го пренасочил летот од јужна Русија каде што со седмици беа изведување напади со украински беспилотни летала, вклучително и врз чеченската престолнина Грозни каде требало да слета авионот кој полетал од азербејџанската престолнина Баку.
Шефот на руската Федералната агенција за воздушен транспорт (Росавијација) Дмитриј Јадров откри во петокот нови детали за падот на авионот на „Azerbaijan Airlines“ во регионот Актау.
Авионот не можел да слета на аеродромот во Грозни поради режимот „Ковер“, кој предвидува итно полетување на сите авиони од наведената област. Воведен е поради обидот на украинските тајни служби да извршат терористички напади врз цивилната инфраструктура во руските градови Грозни и Владикавказ, кои претходните седмици беа цели на украински удари со беспилотни летала, соопшти Росавијација.
На денот на катастрофата, ситуацијата во областа на аеродромот Грозни била тешка: густа магла, и без видливост на надморска височина од 500 метри. Капетанот на авионот се обидел двапати да го приземји авионот, а потоа решил по сопствени избор да лета до аеродромот во Актау, соопшти Росавијација.
Росавијација соопшти дека на капетанот на авионот му биле понудени други аеродроми за принудно слетување, но тој го избрал казахстански Актау. Русија веднаш ги информирала своите колеги од Казахстан и Азербејџан за целосната и сеопфатна подготвеност да соработува во истрагата за авионската несреќа.
Најмалку 38 лица загинаа, а преживеаја 29 патници од авионот, од кои некои се тешко повредени.
Четири извори наводно запознаени со прелиминарните наоди на азербејџанската истрага изјавиле за Reuters во четвртокот дека наводно руската воздушна одбрана го соборила по грешка, но не пружија докази за тврдењата.
Летот Ј2-8243 на „Azerbaijan Airlines“ летал стотици милји од својата закажана рута од Баку, главниод град на Азебејџан, до Грозни во руска Чеченија, уривајќи се на спротивниот брег на Каспиското Море, по, како што соопшти руската авијација, вонредна состојба која можеби била предизвикана од судар со птица.
Официјални лица не објаснија веднаш зошто го преминал морето, но до несреќата дојде откако украински беспилотни летала овој месец го напаѓаа регионот Чеченија во јужна Русија. Најблискиот руски аеродром на патеката на летот на авионот бил затворен за сообраќај во средата наутро.
Во азербејџанскиот авион кој се урна близу аеродромот Актау, пред падот експлодирала боца со кислород, изјави во петокот казахстанскиот министер за транспорт Марат Карабаев, цитиран од Sputnik Казахстан.
Според Карабаев, ова се случило во патничката кабина, а луѓето таму почнале да губат свест. Директорот на кулата за контрола на летањето во Актау добил информација за инцидентот во 10,53 часот полокално време.
„Веднаш, директорот на контролата на летањето на Казаеронавигација ги известил сите служби за итни случаи – противпожарната бригада и медицинскиот персонал – за пристигнувањето на авионот со инцидент на аеродромот во Актау“, рекол министерот.
„Претседателот Владимир Путин се извини за трагичната несреќа што се случи во рускиот воздушен простор и уште еднаш изрази длабоко и искрено сочувство до семејствата на жртвите и на повредените им посака брзо закрепнување“, се вели во соопштението на Кремљ.
„Во тоа време, украински беспилотни летала ги нападнаа градовите Грозни, Моздок и Владикавказ, а руските системи за противвоздушна одбрана ги одбија овие напади“, соопшти Кремљ но не се наведува ниту посредно ниту непосредно дека тоа е причината за соборување на авионот.
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев истакна дека авионот бил „изложен на надворешно физичко и техничко мешање во рускиот воздушен простор, што резултирало со целосно губење на контролата и пренасочување кон градот Актау“, соопшти кабинетот на азербејџанскиот претседател.