Поранешниот американски претседател Џорџ Буш постариот прослави вчера 90-ти роденден, а честитки по телефон му упатил и претседателот на Русија Владимир Путин.
Како што пренесува „Бизнис инсајдер“, Путин на Буш му испратил подарок портрет.
„Тоа е првиот портрет на Буш постариот како млад потполковник во морнарицата, во бела униформа“, изјавил портпаролот на поранешниот претседател на САД Џим Мекграт.
„Владимир Путин му го честитал 90-тиот роденден на Џорџ В. Буш“ стои напишано на профилот на Кремљ на Твитер во англиска верзија.
Изгледа дека во Кремљ се проткајала грешка, бидејќи Џорџ В.Буш е син на Џорџ Буш постариот.
Медиумите потсетуваат дека Џорџ Буш помладиот е познат по сликање портрети на државници, меѓу останатите и Владимир Путин.
Буш постариот вчера го прослави својот роденден со скок со падобран.