Путин: На есен ќе имаголема гасна криза

Рускиот премиер Дмитриј Медведев оценил дека оживувањето на мировните преговори во Украина ќе биде многу потешко, бидејќи, како што наведува, украинскиот претседател Петро Порошенко направил драматична грешка со укинувањето на примирјето. Рускиот премиер предвидел „голема гасна криза на есен“ заради нерешените прашања околу гасот меѓу Русија и Украина.

„Со укинувањето на примирјето, украинскиот претседател Петро Порошенко, направи драматична грешка. Тоа ќе предизвика повеќе жртви. И тој сега лично е одговорен за нив“, напишал Медведев на својот Феејсбук профил.

„Постојат правила на војување“ осбразложил Медведев мислејќи на преговорите за мир меѓу завојуваните страни на истокот на Украина.

„Украина не плаќа за гасот. Нејзиниот долг е огромен. Тие земаат гас од подземните резервоари. На есен ќе им голема гасна криза“,објавил Медведев на својот профил.