Путин: Најмалку еден агент на CIA имало меѓу советниците на руската влада во раните 1990-ти

Најмалку еден соработник на американската Централна разузнавачка агенција (CIA) имало меѓу советниците на руската влада во раните 1990-те години, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервјуто за филмот „Русија. Понова историја“ од кој инстерт беше емитуван во саботата на телевизијата Россия-1.

„Меѓу тие советници, веројатно мислам…, но сигирно имало еден, припадник од кариера на CIA, кој во согласност со законите на неговата земја, немал право да се занимава со комерцијални активности“, вели Путин.

Според претседателот, случајот на крајот се претворил во тужба против САД, при што било откриено дека тоа лице било вработено во CIA. Притоа Путини не наведува во инсертот конкретно за кого станува збор.

За сличен случај на присуство на припадници на CIA во руската влада во 1990-те години, Путин спомена и во четвртокот на состанокот со претставниците на Советот за развој на граѓанското општество и човековите права. Според него, тоа е само еден пример на обиди за мешање во политичките и внатрешните работи на Руската Федерација. Тогаш, исто така, рускиот претседател рече дека во раните 2000-те години „таму веќе сите ги исчистив“.