Рускиот претседател Владимир Путин рекол во вторникот во текот на разговорите со американскиот државен секретар Мајк Помпео дека сака „воспоставување потполни односи со САД“ и покрај бројните несогалсувања меѓу двете ривалски супер сили.
„Како што знаете пред неколку дена имав задоволство телефонски да разговарам со претседателот на САД. Добив впечаток дека американскиот претседате е наклонет на продолжување на контактите меѓу Русија и САД, заедничко решавање на прашањата кои се од заеднички интерес. Ние повеќепати повторивме дека сакаме воспоставување потполни односи… Би било пожелно вашата посета на Русија да донесе полза на односите меѓу Русија и САД и да придонесе за нивното развивање“, рекол Путин на почетокот од разговорите со Помпео во црноморското одморалиште Сочи.
Како што пренесе AFP, Путин ја поздравил притоа „доста објективната“ истрага на американскиот специјален обвинител Роберт Мјулер за ткн „руско мешање“ во американските избори во 2016 година и со која се заклучи дека нема докази за тоа туку обид, како и за „заговор“ меѓу кампањата на Доналд Трамп и Москва. Путин ваквите обвинувања ги нарекол „бесмислици“ но директно не споменал дека извештајот утврдил наводен обид за руско мешање во американските избори.
„Некои области од соработката се ивонредни, во врска со Северна Кореја, Авганистан, тука добро работиме, како и во борбата против тероризмот“, рекол на почетокот од разговорите Помпео.
САД и Русија имаат заеднички интереси и постојат прашања за кои двете земји можат да работата заедно, рекол американскиот државен секретар, истакнува во извештајот агенцијата РИА.
„Имаме заеднички интереси и, исто така, постојат прашања во кои можеме да соработуваме, да работиме продуктивно. Можеме да работиме заедно за да осигураме нашите народи да живеат подобро и целиот свет во општа смисла да напредува. Поради тоа претседателот Трамп ме замоли да дојдам токму со оваа пораја, да зборувам за некои идеи, за некои проекти“, рекол Помпео.
Истакнал притоа дека имал „многу продуктивен“ разговор со рускиот колега Сергеј Лавров, на којшто, како што потенцирал Помпео, разговарале и за прашања за кои двете страни немаат слични ставови.
Путин и Помпео имале „добар суштински разговор“ на кој соговорниците го потврдија „интересот од двете страни за почетокот на поправања на односите“, рекол за новинарите по средбата помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков. Притоа истакнал дека состанокот траел час и половина, како и неодамнешниот телефонски разговор на рускиот и американскиот претседател.
Помошникот на рускиот претседател прецизирал дека Путин и Помпео „особено конструктивно“ разговарале за конфликтот во Сирија и борбата против меѓународниот тероризам, санкциите на САД против Русија, продолжувањето на договорот за стратешкото вооружување СТАРТ-3 и ситуацијата на Корејскиот полуостров. Притоа Ушаков истакнал дека пршањата за Украина и за повлекувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро не биле на агендата на разговорите.
Истовремено Ушаков истакнал дека сѐ уште не е почувствуван пробив во односите меѓу Русија и САД иако од американска страна бил „пројавени деловен став“. Според него, Путин и Помпео го отвориле прашањето за можна средба на рускиот челник и американскиот претседател во јуни на самитот на Г20 во јапонскиот град Осака.