Резултатите од анкетата спроведена во Русија покажуваат дека 18 отсто од руските мажи и 17 отсто од жените сметаат дека претседателот Владимир Путин е најзгодниот маж во таа земја.
Сајтот Superjob.ru анкетирал 2.000 Руси и утврдил дека 68-годишниот Путин е најсексапилниот маж во земјата, пишува The Moscow Times.
„Русите сè уште го сметаат Владимир Путин за најатрактивниот славен човек во земјата“, објави Superjob.ru, и покрај падот на рејтингот за 1 отсто во споредба со минатата година.
Случајно, анкетата беше објавена откако Путин доби можност да се кандидира за претседател до 2036 година.
Треба да се напомене дека 19 отсто од мажите се нарекоа себеси најзгодни мажи во Русија, додека 18 отсто од жените изјавија дека нема ниту еден убав маж во целата земја, според „Тајмс“.