Рускиот претседател Владимир Путин заедно со градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин синоќа присуствуваа на полноќната велигденска литургија во црквата Христос Спасителот во Москва.
Рускиот претседател Владимир Путин заедно со градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин синоќа присуствуваа на полноќната велигденска литургија во црквата Христос Спасителот во Москва, која ја отслужи Патријархот московски и на цела русија, Кирил.
Во честитката до верниците рускиот претседател истакна дека црквата отсекогаш била заедно со народот и со нив споделувала радости и неволји и дека денес, соочени со сериозни предизвици, активно се вклучува во дела на милосрдие, помагајќи им на луѓето да најдат силна духовна поддршка.
Патријархот Кирил на велигденската литургија која беше пренесувана на државната телевизија изрази жалење поради сериозните настани кои се случувале во како што изстакнал историската руска земја.
Кирил повика на молитва да има мир и добар живот и на повторно обединување на братските односи на народите, кои како што истакнал некогаш биле еден народ на обединета Русија.