Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот доцна вечерта во обраќањето по повод одбележувањето на празник на безбедносните служби и порача на Федералната безбедносна служба (ФСБ) да го зајакне надзорот на стратешките објекти во Русија и на државните граници за са се спречат продирањата однадвор на странските шпиони и домашните предавници.
„Сега се бара максимална присебност, концентрација на силите од контраразузнавачките агенции, вклучително и војската. Неопходно е сериозно да се потиснат дејствата на странските разузнавачки служби, брзо да се идентификуваат предавниците, шпионите и саботерите“, рече Путин.
Во видео пораката по повод Денот на припадниците на безбедносни служби, рускиот челник додаде и дека појавувањето на новите закани за руското општество, значи и потреба од засилени разузнавачки активности.
„Мораме да ги зајакнеме активностите на граничните служби и ФСБ. Секој обид за нарушување на режимот на границите мора брзо и ефикасно да биде спречен со сите сили и средства коишто ни се на располагање, вклучително и мобилните единици и специјалните сили“, рече уште Путин.
Поради неколкуте напади и атентати на руската територија, како што беше убиството на познатата новинарка Дарја Дугина во близина на Москва, и сѐ почестите акции на откривање и спречување диверзии за кои Русија го обвинува украинските и западните тајни служби, Путин на водството на ФСБ му наложи „максимално да го користи оперативниот, техничкиот и човечкиот потенцијал“ за да се осигури безбедноста на руското општество.
Засилена будност Путин побара и од контраразузнавачките служби, вклучително и военото разузнавање ГРУ.
„Неопходно е решително да бидат спречени активностите на странски служби, брзо да бидат идентификувани предавниците, шпиони и саботерите“, додаде рускиот челник.
Челникот на ФСБ, Александр Бортников, и претходно изјави дека службата засилено ги следи обидите од странство за организирање протести откако по малкуте мали демонстрации на почетокот од инвазијата во Украина целосно стивнаа. Зголемена е и заштитата на стратешките постројки и енергетската инфраструктура откако летово и есенва беа спречени два планирани обида да бидат кренати во воздух делници од гасоводот Турски тек, при што беа уапсени руски и украински државјани, врбувани од руското разузнавање.