Путин: НАТО се користи како инструмент на само една земја, приемот на Финска и Шведска не е закана за Русија

НАТО се користи како инструмент за надворешната политика на една земја и тоа се прави многу агресивно, изјави во понеделникот рускиот претседател Владимир Путин коментирајќи ја Алијансата во периодот кога руските сосетки Финска и Шведска се пред прием во воениот блок, порачувајќи дека нивниот влез „не создава закана, но ќе предизвика одговор“.

„Што се однесува до проширување (на НАТО), во таа смисла и преку новите членки на Алијансата – Финска и Шведска, Русија нема проблеми со овие држава. Затоа, во оваа смисла, проширувањето на сметка на овие земји не претставува непосредна закана за Русија“, рече во текот на средбата со челниците на земјите членки на Организацијата на договорот за заедничка безбедност (ОДКБ) во Москва, воениот сојуз на Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Таџикистан.

Истовремено Путин предупреди за соодветен одговор на Москва на проширувањето на воената инфраструктура на НАТО во Финска и Шведска, кои ги сменија своите децениски политики на воена неутралност и под изговор на руската воена интервенција во Русија попуштија под притисокот и својата тесна соработка со Алијансата сакаат да ја заменат со членство.

„Проширувањето на воената инфраструктура на оваа територија (Финска и Шведска), безусловно, ќе предизвика наш одговор“, рече Путин.

Владејачките шведски социјалдемократи се откажаа во неделата од 73-годишното противење на влегуваето на земјата во НАТО. Изразија желба за брзо пристапување во НАТО напуштајќи ја повеќедецениската политика на неутралност, по руската воена интервенција во Украина. Но Стокхолм, според најавите, ќе бара на шведска територија да нема странски воени бази и разместување нуклеарно оружје. Соседна Финска во неделата официјално потврди дека ќе поднесе барање за членство во Северноатлантскиот воен сојуз.

„Каков ќе биде нашиот одоговор, ќе зависи од тоа какви ќе бидат заканите што ќе се создадат. Всушност, проблемот се создава од ништо. На тоа ќе реагираме соодветно“, увери Путин.

„Покрај оваа бескрајна експанзивна политика, Северноатлантскиот сојуз, исто така, оди подалеку од својата географска одредница, надвор од Евроатлантикот, обидувајќи се сѐ поактивно да се меша во меѓународните прашањатра и да ја контролира меѓународнатата ситуација од безбедносен аспект, да влијае врз нив но не најдобар начин, во другите региони на светот. Ова, секако, бара дополнително внимание од наша страна“, порача Путин.