Путин не доаѓа на самитот на БРИКС по заеднички договор, потврди ЈАР

Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на самитот на БРИКС во август „според заеднички договор“, соопшти во средата Јужноафриканската Република, која претседава со групата на брзорастечки економии.

Русија на самитот во Јоханесбург ќе ја претставува министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, заедно со лидерите на Бразил, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, а не како што пренесоа претходно во средата западните медиуми министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Јужна Африка, како членка на Меѓународниот кривичен суд (МКС), теоретски ќе мора да го уапси Путин за наводни воени злосторства доколку влезе на нејзина територија.

ЈАР ја одржува неултралната позиција во однос на конфликтот во Украина, но е цел на жестоки притосоци и критики од западните земји за изразениот пријателски однос со Русија со којашто заедно со Кина претходно годинава одржа заеднички поморски вежби близу африканскот брег, а Москва е историски силен сојузник на владејачкиот Африкански национален конгрес.

МКС издаде налог за апсење за наводни воени злосторства против рускиот претседател за илегална депортација на украински деца. Москва тврди дека налогот е правно неважечки бидејќи Русија не е членка на МКС, како и дека децата всушност се евакуирани од зоните во кои се водат воени дејствија и посочува дека има многу злоупотреби и фалсификати од украинска страна при практиката децата да се вратат во Украина кога постојат старатели или крвни сродници со што децата завршуваат во западните земји.

Во вторникот беше објавен наводен документ во кој се вели дека јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса побарал дозвола од МКС „да не го апси Путин“ во контекст на самитот на БРИКС, бидејќи „тоа би претставувало објава на војна“.

Кремљ во средата соопшти дека Русија не ѝ кажала на Јужноафриканската Република дека апсење на Путин по налог на МКС би претставувало „објавување на војна“, како што објави британската телевизија Sky News а германската агенција DPA се повика на некаков допис од претседателот Рамафоса.

„Русија јасно стави до знаење дека апсење на нејзиниот актуелен претседател ќе биде еднакво на објавување војна“, напишал Рамафоса во наводната своја изјава упатена до Високиот суд во северната јужноафриканска провинција Гаутенг на која се повика DPA и додал дека според тоа ЈАР имале „очигледни проблеми со спроведувањето на барањето за апсење и екстрадиција на претседателот Путин“, било навведено во дописот за чија автентичност германската агенција не пружи никакви докази.

„Не, таква формулација не беше изречена“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Но, тој додаде дека сите разбираат, иако не им било конкретно објаснето, „што би значел обид за кршење на правата на Путин“.