Дури 31 отсто од Русите не ги поддржуваат активностите на претседателот Владимир Путин, се наведува во студија на независниот институт „Левада центар“, спроведена од 15 до 18 ноември и пренесув рускиот весник „Ведомости“. Ова е највисоко ниво на неодобрување за последните 12 години.
Според анкетата, 47 отсто од Русите го поддржуваат претседателот, а другите 16 отсто признаваат дека не се доволно добро информирани за ова прашање.
При тоа општиот впечаток на руските граѓани за Путин засега е позитивен, повеќе од половина од испитаниците, односно 52 отсто веруваат во политиката на претседателот.
Намалувањето на рејтингот на власта се случува на позадината на зголемувањето на цените на храната и бензинот.