Путин: Не можам да гарантирам дека Навални ќе излезе жив од затвор

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не може да гарантира дека опозицискиот лидер Алексеј Навални ќе излезе жив од затвор. Тој исто така негираше дека нарачал обид за атентат врз Навални.

На прашањето дали може да гарантира дека Навални ќе излезе жив од затвор, Путин рече дека не зависи од него.

– Ваквите одлуки во оваа земја не ги носи претседателот. Нема да се однесуваат кон него полошо од кој било друг затвореник – рече Путин.

Рускиот претседател уште еднаш негираше вмешаност во нападот врз Навални.

– Немаме навика да убиваме луѓе во кое било време – истакна Путин.