Спортскиот арбитражен суд му забрани на рускиот претседател Владимир Путин да присуствува на Олимписките и Параолимписките игри и Светските првенства на две години. Забраната на судот се однесува на претставниците на руската Влада.
Единствениот начин Путин да присуствува на Олимписките игри, наведено е во одлуката, е претседателот или врвот на земјата домаќин да го покани како специјален гостин. Како што известуваат руските медиуми, во забраната за присуство има исклучок во случајот „ако претставникот на Владата на Русија е поканет од врвот на земјата домаќин како специјален гостин“.
Причина за ваквата одлука е тоа што Судот застана на страната на Светската антидопинг агенција (ВАДА) во спорот со Руската антидопинг агенција (РУСАДА), па руските спротисти нема да можат да се натпреваруваат на големи меѓународни натпревари до 16 декември 2022 година.
Забележано е дека претставниците на Владата на Русија нема да можат да добијат акредитација, како и да присуствуваат на светските првенства во разни спортови.