На Црвениот плоштад во Москва се одржа воената парада по повод Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна.
Оваа година ниеден странски претставник не присуствуваше на парадата.
Минатата година на воената парада во Москва присуствуваа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Во 2015 година, на 70-годишнината од крајот на Втората светска војна, на московската парада присуствуваа 27 лидери на странски држави.