Путин не сака милитанти под превезот на бегалци близу Русија

Рускиот претседател Владимир Путин ја отфрли во неделата идејата Авганистанците кои бегаат од својата татковина да бидат евакуирани во земјите соседни на Русија, велејќи дека не сака милитантите таму да се појавуваат под превезот на беглаци.

Всушност ова беше одговор на Путин на иницијативите на некои западни земји бегалците од Авганистан да се сместуваат во центрачноазиските земји, посебно од составот на поранешниот Советски сојуз кои граничат со Русија, додека не бидат процесуирани нивните визи за САД и Европа.

„Значи ли тоа дека тие може да бидат ислратени без визи во тие држави, нашите соседи, додек тие (Западо) не сака да ги прими без визи? Зошто постои таков понижувачки пристап за решавање на овој проблем?“, го цитира агенцијата ТАСС претседателот Путин.

САД одржале тајни разговори со многу држави во обидот д се обезбедедат договори за наводно привремено сместување на Авганистанците кои се чувствуваат животно загрозени затоа што работеле за западните влади и сили во текот на дведецениската војна, извести Reuters минатата седмица.

Путин во неделата порача дека Русија, којашто им овозможува влез во земјата без визи за државјаните на поранешните советски републик од централна Азија, се противи на таквите идеи.

„Не сакаме милитантите да се појавуваат тука под превезто на беглаци“, рекол Путин.

Додека западните земји работат на евакуацијата на своите државјани и дипломати од Авганистан, Русија не го повлече својот персонал од амбасадата во Кабул, и изрази задоволство што талибаните восппоставиле реалтивен ред и мир по совојуањето на власта минатата недела.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дка талибанските лидери засеега се придржуваат до своите ветувања.

„Ги видовме соопштенијата на талибаните за прекин на борбените дејствија, амнестијата за сите кои биле дел до судирите, за потребата од дијалог на ниво на државата… тоа сѐ се имплементира“, го цитора агенцијата РИА шефот на руската дипломатија кој додал дека талибаните воспотавиле контакт со поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи.