Путин нема вистински ривал на избори ако се кандидира, порача Кремљ

Доколку рускио претседател Владимир Путин се реши да учествува на претседателските избори во 2024 година, никој нема да може да му се спротиства, изјави во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Претседателот сѐ уште не ја објави својата кандидатура, но ако претпоставиме дека претседателот ќе биде кандидат, тогаш очигледно е дека нема да им сериозен противвкандидат… Ужива апсолитна поддршка од населението“, изјави Песков на редовниот дневен брифинг со новинарите акредитирани во Кремљ.

„Што се однесува до внатрешните критериуми што го водат претседателот, тој во неколку наврати сам си одговорил на ова прашање“, изјави одделно Песков во интервју за весникот Известия.

Песков нагласи дека Путин веќе многупати докажал дека неговите способности се далеку од исцрпени.

„Претседателот ја докажа својата ефикасност, претседателот докажа дека неговите идеи наидуваат на поддршка во општеството, меѓу политичките сили, во регионите итн итн. Сигурен сум дека дури и резултатите од ваквите избори, кои поминаа вчера, тие уште еднаш нагласуваат колку е високо нивото на поддршка за претседателот Путин и, се разбира, тој ќе продолжи од ова“, рече Песков одговарајќи дали Путин повторно ќе се кандидира.

Путин веќе две децении доминира на руската политичка сцена, како и претседател и премиер, постигнувајќи стабилизација и во безбедносна и особено во економска смила откако најголемата по површина држава на светот беше во хаос кој го остави неговиот петходник Борис Елцин и покрај тоа што негуваше тесна соработка со САД и ткн колективен Запад.

Меѓутоа, најмалку последните пет години Путин остро го предупредуваше Западот предводен од САД за загрозување на безбедноста и интегритетот на Русија, што според Москва е и причината за инвазијата од 24-ти февраури 2022 година во Украина.

Потегот ја предизвика најсериозната конфронтација со Западот и целосно прекинување на односите на Русија со западните земји. Но и покрај досега во историјата не видените санкции кои ги напетна ткн колективен Запад предводен од САД, руската економија покажа повеќе од година иполовина голема отпорност, па дури и раст, свртувајќи се кон пазарите на далечниот исток во тесна соработка со Кина.

Анкетите покажуваат дека и покрај војната во Украина со многу жртви на двете страни и западните санкции, Путин ужива огромна поддршка меѓу Русите. Од почетокот на инвазијата неговата поддршка се движи околу 80 осто, колку што беше и во последната анкета од август, и тоа е повеќе отколку пред војната во Украина. Истото истражување покажува дека повеќе од 70 отсто од испитаниците ја поддржуваат руската „специјална воена операција“ во соседната земја.

Западот тврди дека на тие анкети не треба да им се верува, но потврдува дека Путин има голема поддршка. Кинескиот претседател Кси Џинпинг при неговата посета во март на Москва му порача на Владимир Путин дека е убеден дека Русите ќе го поддржат на следните претседателски избори.