Рускиот претседател Владимир Путин во саботата изјави дека белорускиот челник Александр Лукашенко не се консултирал со него пред да се закани со можно запирање на протокот на рускиот гас кон Европа, додавајќи дека таквиот потег би можел да им наштети на односите меѓу Минск и неговиот клучен сојузник Москва, но и потсети дека Украина и кога ги имаше добрите односи со Западот го правеше тоа.
Белорускиот претседател Александр Лукашенко во четвртокот се закани дека на најавениот нов петти круг санкции од Европската унија во врска со мигрантската криза на нејзините источни надворешни граници, ќе возврати со запирање на транзитот на гасот и други стоки преку белоруска територија кон Европа.
Тоа предупредување накусо ја зголеми цената на гасот во Европа, којашто околу третина од своите потреби од горива ги добива од Русија, а тоа се однесува и на гасоводот Јамал-Европа кои минува низ Белорусија и оди до Полска и до Германија. Белорускиот дел од овој гасовод е во сопственост на рускиот државен гасен гигант „Газпром“.
„Со Лукашенко во последниот период двапати разговарав и тоа ниеднаш не ми го спомена, дури ниту го навести.. Секако, теоретстки, Лукашенко како претседател на транзитна земја би можел да нареди на Европа да ѝ се запре нашето снабдување со гас, но тоа би значело кршење на договорот за транзитот на гасот и се надевам дека тоа нема да се случи“, рече Путин во интервју за јавната руска телевизија во кој јавно ги коментирше изјавите од Минск.
Притоа рускиот претседател во истиот контекст потсети дека Украина веќе неколкупати минатите децении го направи она со што се заканува сега Белорусија, од која можеби најсилни последици имаше украинскот прекинување на транзитот на рускиот гас кон Европа во 2008 година.
„Во 2008 година, не дај Боже, се соочивме со ваква криза, кога поради бескрајните спорови околу цената на гасот и цената на транзитот не можевме да се договорите со нашите украински пријателиза основните парметри на договорите. Се дојде до моментот кога Украина го блокираше нашиот гас наменет за потрошувачите во Европа“, потсети Путин во интервјуто за телевизискиот канал Россия 24.
Европа 35 отсто од своите потреби од гас ги подмирува со руски гас, но денес е многу помалку зависна од транзитот од Украина. По двете руско-украински гасни војни во 2006 и 2008 година, а такви прекини имаше и во 1992, 1993 и 1994 година со обвинија дека Киев го поткраднува рускиот гас испорачуван преку неговиот систем за европските потрошувачи, транзититот преку Украина паднал за 40 отсто во последните 15 години, откако Русија и неколку европски земји предводени од Германија изградија гасоводои кои ја заобиколуваат Украина за која транзитот претставуваше и значителен извор на приходи. Во септември 2011 година беше пуштен гасоводот Северен тек кој минува под Балтичкото Море и ги поврзува руските гасни наоѓалишта со германскиот брег, а новиот систем Северен тек 2 треба да биде пуштен на почетокот од 2022 година.
Русија историски е најблискиот сојузник на Белорусија. Москва го помага Минск во сите сфери според договори за федералната заедница, од испораки на готовина преку снабдување со евтини енергенси и овозможување за заработка со натамошен извоз до воена соработка, но коментарите на Лукашенко дојдоа во чувствителен момент за испораките на рускиот гас во Европа.
Западните аналитичари сметаат дека Лукашенко со своите изјави за гасот веројатно сакал да го тестира трпението на Путин, кога станува збор за испораките на гас, кои од претходно се во фокусот на жестоки дискусии во Европа додека се очекува Германија да го издаде одобрувањето за почеток на работата на гасоводот Северен тек 2.
Поради низа погрешни процени и продажбата на течниот гас летото на поскапите азиски и јужноамерикански пазари, со кои складиштата за гас во Европа останаа празни, како и поради зажувањата на стопанствата чии активности беа замрени поради пандемијата на коронавирусот, цените на енергенсот повеќекратно растеа и достигнаа историски рекорцни нивоа како резултат на купувачите од Европа и Азија да се натпреваруваат за снабдувањето.