Рускиот претседател Владимир Путин во петокот на церемонијата на доделување награди во Кремљ објави дека ќе се кандидира за претседателските избори во март 2024 година, пренесоа водечките руски новински агенции.
Како што пренесува РИА Новости, Путин му рекол на борец на украинскиот фронт Артјом Јога дека ќе се кандидира за петти претседателски мандат. Претходно во петокот Кремљ објави дека „многу луѓе“ го повикуваат претседателот Владимир Путин да се кандидира за нов мандат на изборите во март, но дека претседателот ќе ја соопшти својата одлука „кога ќе смета дека е соодветно“.
Руската Централна изборна комисија во петокот објави дека претседателските избори ќе се одржат за прв пат во три дена, од 15-ти до 17-ти март.
Централната изборна комисија планира да спроведе комбинација на онлајн гласање и „традиционално“ гласање со гласачки ливчиња во три изборни дена, што е практика усвоена во текот на пандемијата на Ковид-19, а што независните изборни набљудувачи ја критикуваа дека отвора можност за измама иако такви претседателски избори спроведоа во 2022 година и САД, па и многу други западни земји.
Запрашан претходно во петокот да коментира за анкетата која покажува дека 70 отсто од испитаниците веруваат дека Путин треба да се кандидира за нов мандат, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одговори: „Путин ќе ја објави (својата одлука) кога ќе смета дека е соодветно и корисно. Тоа ќе биде целосно негова одлука. Путин отсекогаш се водел од поддршката на народот во својата работа. Неговиот најголем интерес е да ја подобри благосостојбата и животниот стандард на нашиот народ“.
Додаде дека луѓе ширум земјата и од различни возрасти се во контакт со Путин пред годишната конференција и му ја изразуваат својата поддршка.
Претходно во четвртокот вечерта беше објавено дека дури 70 отсто од Русите веруваат дека Путин треба да се кандидира за уште еден претседателски мандат, според Лариса Паутова, директорка на фондацијата „Общественное мнение“ (Јавно мислење).
Според презентираните резултати, на прашањето дали Путин треба да се кандидира на изборите во 2024-та, 70 отсто од испитаниците одговорител потврдно. Наспроти нив, 15 проценти рекле дека актуелниот руски претседател треба да се повлече од функцијата, но да остане во водството на земјата на друга должност. Само 8 отсто сметаат дека рускиот лидер трана да ја напушти политиката а 7 отсто немале одговор.
Испитаниците за биле прашани и какви чувства и емоции во последниот период предизвикува кај нив Путин. Така, 44 отсто рекле – доверба, 34 отсто – надеж, 31 отсто – спокојство, 30 отсто – гордост, 16 отсто – благодараност, 9 отсто – сочувствителност и љубов, 3 отсто став и срам и 2 отсто – антипатија.
Наспроти нив 11 отсто од испираниците рекле дека тогаш чувствиаа – ознемиреност, 7 – разочарување, 6 отсто недоверна. Уште 4 отсто рекле дека на споменувањето на Путин чувствуваат – рамнодушност, а 3 проценти немале одговор.
Убедливо мнозинство, од 67 отсто од испитаниците рекле дека активностите на Путин се во интерес на обичните луѓе, додека 22 проценти рекле дека не сакале да одговорат. На прашањето дали претседателот разбира за што се грижат обичните луѓе, нивните потреби или интереси, 74 отсто одговориле позитивно, 18 отсто сметаат дека не разбира.
Покрај тоа, учесниците во истражувањето биле прашани дали руската младина има шанса да се реализираат себеси, да најдат примена за своите способности и да постигнат успех во животот во ерата на Путин. Тројца од четири испитаници, или 77 проценти, рекле дека таква можност постои, 15 проценти одговориле дека нема. Во исто време, повеќе од половина – 63 отсто од граѓаните на возраст од 18 до 30 години изјавиле дека младите сега имаат поголеми шанси да постигнат успех во животот и да ги остварат своите желби отколку пред пет години.
Како што појаснуваат од ФОМ, кон крајот на октомври – почетокот на ноември е спроведена голема студија меѓу 6.100 испитаници. Анкетата била спроведена во местото на живеење.
Аналитичарите и политичките противници на Путин, главно од странство и поврзани со Западот, истакнуваат дека руските избори !сѐ уште се обележани со нерегуларности, а продолжувањето на гласањето за неколку дена го олеснува манипулирањето со гласачките ливчиња, бидејќи тие нема да се бројат на денот кога ќе бидат вметнати во кутиите, пишува AFP.
Агенцијата Reuters наведува дека уште во ноември шест извори рекле дека 71-годишниот Путин решил да се кандидира за нов шестгодишен мандат и би можел д аостане на власт најмалку до 2030 година.