
Рускиот претседател Владимир Путин минал неколку дена на одмор во Сирбит каде шетал и ловел роба претходно во септември, соопшти Кремљ во неделата, по кусата самоизолација како мерка на претпазливост поради зараза со коронавирус во неговото опкружување.
Путин кон средината на септември соопшти дека ќе мора да мине „неколку дена“ во самоизолација околку повеќе луѓе од неговата работна околина биле заразени. Поради тоа, мораше да го откаже присуството на безбедносниот регионален самит во Таџикистан.
Рускиот челник често ја избира тајгата за кусите одмори а и на ова патување бил придружуван од министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Како што стои во објавата, Путин во придружба на Шојгу минале три дена во тајгата, каде ловеле руиби и го посетиле природниот резерват Сајано-Шушенски. На официјалната страница се објавени 20 фотографии кои ги покажуваат роболовечките способности на рускиот претседател.
Во описот се додава дека Путин и Шојгу управувале со теренско возило и пешачеле, при што налетале на празно мечешко дувло. Притоа Путин се интересирал за бројот на мечки во областа, при што се наведува дека ги има околу 600 примероци.
Фотографиите ги прикажуваат Путин и Шојгу во риболов, како стојат во брза тесна река до колената во вода, и од чамци на подлабоку места каде претседателот уловил штука.
Рускиот претседател го негува својот мачо имиџ, кој се чини им се допаѓа како и на неговите сонародници така и на многумина во странство. Претходните години 68-годишниот Путин често беше фотографиран како гол до појасот лови риба, скија, нурка, вози борбен суперсоничен авион, лета со жрдралови, игра хокеј, во дивина игра со младенчиња од диви животни итн.