Путин: Односите меѓу Кина и Русија се добри

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска на средбата со кинескиот премиер Ли Кечианг во Пекинг дека односите меѓу двете земји имаат добра основа за натамошен развој и се темелат на меѓусебни интереси.

– Нашите односи ги градиме водејќи сметка за меѓусебните интереси и досега во се успеавме, истакна рускиот претседател.

Тој додаде дека двете земји имаат однос на стратешко партнерство „со добри можности за иднина“.

Кремљ се надева дека посетата на рускиот лидер на Кина ќе биде содржајна и продуктивна, а двете страни планираат да потпишат повеќе десетина договори.

Фокусот на посетата е придвижување на заедничките проекти во областа на инвестициите, развојот на земјоделството и транспортната инфраструктура, соработка во областа на економијата, трговијата, енергетиката, атомската енергија, воздухопловната и ракетно-вселенската индустрија.