Путин одобри одложување на мобилизацијата за студентите, докторантите и лекарите на специјализација

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпиша указ со кој на студентите, докторантите и лекарите на специјализација им се дозволува да ја одложат мобилизацијата.

Одложување на мобилизацијата важи за редовните и вонредните студенти на државните акредитирани универзитети, факултети и научни организации, како и во иновативни научни и технолошки центри и во духовни и образовни организации.

Путин истакна дека со новата регулатива опфатени се и студентите на акредитираните приватни универзитети.