Рускиот претседател Владимир Путин во иднина ќе прима плата преку Банката на Русија која од вчера се наоѓа на мета на американските економски санкции. Путин и нареди на Централната банка да ја заштити банката и да ја овозможи сета неопходна помош на клиентите.
Путин истакна дека оваа банка која се најде на удар на американските санкции нема никаква врска со кризата во Украина, пренесуваат руските медиуми.
Москва денеска соопшти дека ненајавено „виза“ и „мастеркард“ не даваат услуги за клиентите на Банката на Русија чијшто капитал е проценет на 12 милијарди долари.
Путин изјави дека до сега немал отворена сметка во таа банка, но дека ќе отвори и преку неа ќе прима плата.Вашингтон вчера воведе санкции на Банката на Русија каде што најголем акционер е претседателот на бордот на директори на оваа банка Јуриј Ковалчук.