Доколку дојде до воени судири, или сериозни демонострации во Русија, во земјата би можело да се укине пристапот до интернет, најавиле високи руски функционери.
Претседателот Владимир Путин, ќе претседава со советот за безбедност денеска, кој меѓу другото, треба да се занимаава и со тоа како Москва да го укине интернетот во Русија, во „краен случај“. Целта на ова е да се зајакне контролата врз содржините на интернет, како место каде што се организираат и собираат опозиционерите.
Планот на Путин е и домеинот РУ .да се доведе под контрола на државата.
Тоа би бил последен медиум во Русија кој не е под државна контрола, бидејќи повеќето од медиумите во Москва „играат како што им диктира Кремљ“.
Интернетот остана ретко место за дискусии и слободен говор во Русија.