Повеќе од петчасовната средба со францускиот претседател Емануел Макрон во Кремљ во понеделникот посветена на кризата околу Украина била „значајна и полезна“, изјави на прес-конференцијата рускиот претседател Владимир Путина истакнувајќи дека Киев не ги исполнил своите обврски од Минските договори, критикувајќи ги политиките на НАТО и предупредредувајќи на ризик од воен конфликт доколку Украина се обиде насилно да го заземе црноморскиот полуостров Крим, чие мнозинско руско население во 2014 година преку два референдума се присоедини на Руската Федерација.
Во текот на разговорите со Макрон, како што рече Путин, се дискутирало за прашањата за безбедносните гаранции кои Русија ги бара од Западот. Тие подразбираат неширање на НАТО кон руските граници, контрола на стратешкото вооруживање во Европа, и во прв ред непримање на Украина во членство. САД и НАТО го отфрлија последното, но изразија готовност за разговори по другите точки.
„Добро ни е познато дека господинот претседател (на Франција, Емануел Макрон) дојде во Русија, пред сѐ, за да разговара за итните прашања поврзани со осигурувањато на европската и глобалната безбедност, за чиешто одржување нашите земји, како постојани членки на Советот за безбедност при ОН, имаа особена одговорност“, рече Путин.
Со Макрон, како што рече Путин, размениле мислења за руските иницијативи претставени до САД и НАТО, и додаде дека загриженоста на Москва за безбедносните гаранции е диктирана од европската безбедност. Рускиот челник притоа истакна дека „нема ниту една точка“ од предлозите на Москва којашто „не може да се спроведе“.
Дијалогот со САД и НАТО за безбедносните гаранции за Русија не е завршен, додаде Путин. Според него, во одговорот на САД за сите клучни прашања, како што е неширењето на НАТО, нераспоредувањето на офанзивните системи во близина на руските граници, враќањето на ифраструктурата на Алијансата на просторите до 1997 година (кога беше потпишан основачкито акт на Советот НАТО-Русија), „не само што нема став“ за која и да е од точките, туку тие „едноставно беа заобиколени“.
Нема алтернатива за договорите од Минск
Путин рече дека му укажал на Макрон за одбивањето од страна на Киев да ги почитува договорите до Минск, во кои како посредници се и Франција и Русија.
„Од моја страна, се разбира, му обратив внимание на претседателот на неподготвеноста на сегашните власти во Киев да ги почитуваат обврските од пакетот мерки и договори од Минск постигнати во Нормандискиот формат (во кој се уште и Германија и Украина), вклучително и оние кои се постигнати на самитите“, рече Путин.
Киев, констатираше рускиот претседател, тргна по патот на укинување на Минските договори, со кои се регулира прекинот на огнот во областа Донабас, а на сецесионистичките проруски самопрогласени републики Луганск и Донбас им се дава одреден степен автономија.
„Нема напредок по таквите фундаментални прашања, како што се уставните реформи, амнестијата, локалните избори, правните аспекти на специјалниот статус на Донбас. Сѐ уште не е вградена во украинското законодавство добропознатата, барем за експертите, ткн Формула на (тогашниот германски министер за надворешни работи Франк-Валтер) Штајнмаер“, рече Путин.
Истовремено рускиот челник нагласи дека нема алтернарива за договорите од белоруската престолнина познати како Минск 1 од 2014-та и Минск 2 од 2015 година.
„Повторувам уште еднаш, во Киев или велат дека ќе се придржуваат, или велат дека тоа ќе ја разурне нивната земја. Актуелниот претседател (на Украина, Владимир Зеленски) неодамна рече дека не му се допаѓа ниедна точка до договорите од Минск. Па, убаво – не ми се допаѓа, бидете трпеливи…. Мора да го сториме тоа, поинаку нема да фунцкионира“, истакан Пуитин
За НАТО и „агресивноста“ на Русија
Зборувајќи за стратегијата на НАТО, Путин потсети дека Русија во неа е означена како непријател. Истакна дека Москва „сѐ уште се обидува да се увери со аргументи“ дека НАТО е чисто одбранбен сојуз, но дека „граѓаните на многу земји од сопственото искуство видоа колку тоа е точно“, наведувајќи ги притоа како примери интервенциите во Ирак, Либија и Авганистан…
Членки на Алијансата, потсети рускиот претседател, продолжуваат да ја снабдуваат Украина со оружје…
„Земји членки на НАТО заеднички продолжуваат да ја пумпаат Украина со модерни видиви оружја, издвојуваат значителни финансиски средства за модернизација на украинската армија. Испраќаат воени стручњаци и инструктори“, рече Путин нагласувајќи дека за ова прашање особено дискутирал со Макрон.
Истакна дека Русија катагерично се противи на проширувањето на НАТО со нови земји членки на Истокот.
„Затоа што тоа, прво – претставува заедничка закана за нас – натамошното ширење на НАТО до нашите граници. Ние не се придвижуваме кон НАТО, туку НАТО се движи кон нас. Затоа да се каже дека Русија е агресивна, воопшто не соодветствува на здравата логика“, рече Путин.
Додаде дека веќе 30 години Русија се труди да убеди да не се преземаат таквите активности, но оти наидува едноставно на целосно непочитување на нејзината загриженост, барања и предлози.
Заканата од војна со НАТО
Путин предупреди дека приемот на Украина во НАТО ќе резултира со закана во непосреден воен судир меѓу Северноатлантската алијанса и Русија, којашто нема да дозволи никаков обид на Киев повторно воено да ја воспостави својата власт над Крим.
„Зошто е опасен евентуалниот прием на Украина (во НАТО). Постојат проблеми: европските земји, вклучително и Франција, сметаат дека Крим, на пример, е дел од Украина, а ние сметаме дека е дел од Руската Федерација. И доколку бидат преземени обиди за промена на оваа ситуација со воени средства, а во докумнетите за доктрината на Украина пишува дека, прво Русија е непријател и, второ, дека е можно враќање на Крим с воени средства. Претставете си Украина да е членка на НАТО, петтиот член да не е укинат (од повелбата на Алијансата според кој напад врз една членка се смета за напад на целиот блок), напротив (американскиот претседател Џо) Бајден неодамна изјави дека петтиот член е апсолутен императив и ќе биде исполнет. Значи, ќе дојде до воена конфронтација меѓу Русија и НАТО… што ни е преостанува, да војуваме со НАТО?“, рече Путин.
Европските земји, предупред Путин, во таква ситуација автоматски ќе бидат вовлечени во војна во којашто нема да има победници.
Путин исткана дека, се разбира, потенцијалите на НАТО и на Русија се неспоредливи.
„Ние го сфаќаме тоа. Но, исто така, сфаќаме дека Русија е една од водечките нуклеарни сили. А во некои компоненти според модернизирањето (на оружјата) дури сме и пред многу земји. Нема да има победници. Нема да имате време ниту со око да трепнете а ќе го исполните петтиот став од Римскиот договор. Претседателот (Макрон), се разбира, не го сака ваквиот развој на настаните. И јас не го сакам. Затоа, тој е тука и ме ‘измачува’ шест часа со прашања, гаранции, варијанти за решенија“, рече Путин,
„Благородната мисија“ на Макрон
Путин му се заблагодари на францискиот претседател Емануел Макрон за неговите напори да ги подобри односите меѓу Русија и НАТО, да ја осигури безбедноста и воспоставување стабилност, како и решавање на ситуацијата во југоисточна Украина.
„Ние веќе се сретнавме во Париз, и сега, и покрај проблемите кои ги има секој шеф на држава, особено на голема европска држава, господинот претседател сепак сметаше дека е неопходно да дојде во Русија за да размениме мислења за тоа како треба да постапуваме натаму“, рече Путин.
Истакна дека бројни идеи на Макрон може да бидат искористени како основа за натамошните чекори во однос во Украина. Истовремено Путин изрази мислење дека на Макрон „ќе му биде тешко“ во преговорите со украинското водство, имајќи предвид дека францускиот претседател од Москва ќе отпатува директно во Киев на средба со претседателот Зеленски.
„Ова е сложен комплекс од прашања. Затоа и разговаравме толку часови, а утре на претседателот, бидејќи за тоа нема лесни прашања, нема да му биде лесно ниту во Киев. Но се договоривме дека по консултациите со челниците на Украина, ќе се слушнеме и ќе добиеме некаков повратен одговор за тоа што украинското водство денес смета за прифатливо, што не е прифатливо, како смета да се однесува. И во зависност од тоа, ќе ги градиме нашите следни чекори“, рече Путин.
Додаде дека патувањата на Макрон во Москва и Киев ги смета за благородна мисија и му се заблагодари на францускиот претседател за вложенините напори.
„Од своја страна ќе сториме сѐ за да изнајдеме такви компромиси коишто ќе им одговараат на сите“, уверуваше Путин.