Путин побара темелна анализа на мигрантската криза

Рускиот претседател Владимир Путин побара од Советот за национална безбедност на Русија темелно да ја анализира мигрантската криза во Европа.

Тој, исто така, нареди и руската политика, доколку биде потребно, да се прилагоди во таа сфера, како и постојано да се следат заканите поврзани со тоа.

– Треба да се изврши анализа на ситуацијата и да се извлечат соодветни заклучоци од мигрантската криза во Европа, а нашите акции да се прилагодат доколку е потребно, имајќи ги предвид постоечките и потенцијалните закани, истакна Путин на седницата на рускиот Совет за национална безбедност, посветена на унапредување на мигрантската политика.

Шефот на руската држава додаде дека е важно „постојано да се следи развојот на настаните на Блискиот Исток и во другите региони, од каде може да тргне нов мигрантски бран“.