(ВИДЕО) Путин порача дека Русија е подготвена да ги распореди новите хиперсонични проектили

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во средата дека Русија е подоготвена веќе следната година да го распореди првиот полк во чиј состав се хуперсоничните проектили кои се способни за изведување нуклеарни напади, порачувајќи дека тоа значи дека Русија сега поседува нов облик на стратешко оружје.

Рускиот претседател ја даде оваа изјава откако од својот кабинет во Москва го следеше тестирањето на новиот ракетен систем „Авангард“.

„Овој тест, кој штотуку заврши, беше целосно успешен… Од следната 2019 година, руските вооружени сили ќе ги добијат новите интерконтинентални стратешки системи ’Авангард’… Тоа е голем момент за вооружените сили и за Русија. Русија доби нови систем на стратешко оружје“, истакан Владимит Путин.

Москва истакнува дека новиот ракетен систем, едно од неколкуте нови видови оруќје коешто Путин го најави во март, е многу мобилен што му овозможува лесно да ги ибегнува одбранбените ракетни системи.

Путин тестирањето го соледеше од својот кабинет во Москва. Кремљ во соопштението наведува дека проектилот „Авангард“ бил лансиран од локација во југозападна Русија и дека успешно погодил и уништил цел на рускиот Далечен исток.

Претседателот Путин најави широк спектар нови оружја во март годинава, вклучително и проектилите „Авангард“, во еден од поострите и повоинствени свои говори во последните неколку години, Тогаш истакна дека проектилите може да погодат цел во кој и да е дел од светот и да ги избегнат и најнапредните американски системи за противракетна одбрана.