Путин порача дека Киев со продорот во Русија нема да ја подобри својата позиција пред евентуални преговори

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот изјави дека руската армија ќе ги уништи единици на украинската армија од нејзина територија, откако Украина изведе продор во руската погранична област Курск, оценувајќи дека станува збор за обид на Киев да ја подобри својата пред мировните преговори кои украинското водство го најавува за есенва.

Минатиот вторник, украинските сили ја преминаа границата со Русија и зазедоа слабонаслене шумска територија во пограничната област Курск. Агенцијата Reuters пишува дека потенцијалната цел на ненадејниот напад е да се добие подобра позиција во преговорите за прекин на огнот по претседателските избори во САД во ноември.

„Но, за какви преговори можеме да зборуваме со луѓе кои неселективно напаѓаат цивили, цивилна инфраструктура или се обидуваат да создадат закана за капацитетите за нуклеарна енергија?“, истакна Путин во понеделникот на советувањето со челниците на безбеносните служби.

Покрај тоа, оцени рускиот претседател, Украина има цел да ја запре офанзивата на руските трупи за целосно завладување на територијата на одметнатите југоисточни украински региони со доминатно руско и рускојазично население Доњецк и Луганск кои се отцепија по превратот од март 2014 година во Киев..

„Сега е јасно зошто режимот во Киев ги одби нашите предлози за враќање на планот за мирно решавање, како и предлозите на заинтересираните и неутрални посредници. Очигледно, непријателот со помош на своите западните господари, ја спроведува нивната волја“, рече Путин.

Сепак, по настаните во областа Курск, напредувањето на руската армија, волонтерите и ветераните не само што не се намали, туку, напротив, се зголеми за 1,5 пати, истакна рускиот претседател. Додаде дека истовремено растат загубите на украинските војници, вклучително и меѓу најподготвените единици што Киев ги испрати воо пробивот на руската граница.

Според Путин, друга цел на вооружените сили на Украина е да сее раздор, да се заплашат луѓето, да се уништи единството на руското општество, односно да се зададе удар на внатрешно-политичката ситуација. Посочи дека главната задача сега е пред Министерството за одбрана: да го уништи и истисне непријателот од територијата на земјата и заедно со граничната служба да обезбеди сигурно покривање на државната граница.

„Непријателот секако ќе добие соодветен одговор и сите цели што не очекуваат, без сомнение, ќе бидат остварени“, рече тој.

Изненадената руска војска успеа да го стабилизира фронтот до петокот, иако блогери на кои се повикуваат западните медиуми известуваат дека Украина наводно освоила дополнителна територија во битката со руската армија.

Гувернерот на соседната област Белгород, Вјачеслав Гладков, во понеделникот го извести Путин дека евакуацијата на цивилите од областа Краснаја Јаруга започнала поради „непријателската активност на границата“.

Путин, во најобемниот говор за украинската офанзива досега, рече дека Киев „со помош на западните господари“ сака да ја подобри својата преговарачка позиција и да го поткопа рускиот напредок.

Путин им рекол на безбедносните службеници и на регионалните гувернери дека украинските сили трпат големи загуби.

Гувернерот на Курск, Алексеј Смирнов, на средбата со рускиот претседател изјави дека Украина контролира 22 места во регионот и дека офанзивата е длабока околу 12 километри и широка околу 40 километри.

Москва воведе вонредни мерки во регионите Курск, Бријанск и Белгород, а нејзиниот сојузник Белорусија рече дека исто така го зголемила своето воено присуство на своите граници откако Украина минатата седмица навлезе во нејзиниот воздушен простор со беспилотни летала упатени кон Русија.

Киев го прекрши молкот за нападите во саботата кога претседателот Володимир Зеленски рече дека Украина го започнала упадот на руска територија за да ја „врати правдата“ и да изврши притисок врз силите на Москва.