![putin lugje](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/putin-lugje.jpg?resize=450%2C309&ssl=1)
Русија ќе продолжи без никаков прекин да ги снабдува светските пазари со природен гас, напиша рускиот претседател Владимир Путин во вторникот во писмото упатени до енергетската конференција во Доха.
Пораката на Путин е објавена во моментот кој САД и нивните западноевропски сојузници имаат намера да ги објават новите санкции против Русија откако во понеделникот вечерта рускиот претседател го потпиша барањето на парламентот да ја признае независноста на одметнатите проруски региони во источна Украина.
Редовното непрекинато снабдување со гас на пазарите и корисниците во вторникот го потврди и рускиот министер за енергетика Николај Шулгинив на конференцијата на извозници на гас во катарска Доха.
„Сакаме урамнотежени глобални пазари на гасот“, порача меѓу другото Шулгинов.