Путин порача дека Русија може пренасочи извоз на енергенси

Русија може лесно да го пренасочи извозот на своите големе енергетски ресурси од Западот во семјите на коишто навистина им се потребнм, додека истпорврано ја зголемува домашната потрошувачка на нафтата, гасот и јаглемот, рече во средата претседатело Владимир Путин.

САД, Канада, Велика Британија и Австралија главно го забранија увозот на руската нафта, во најновиот бран санкции наметнати последните осум години против Русија поради Украина, додека Европската унија и натаму е поделена по ова прашање.

„Кога станува збор за руската нафта, гасот и јагленот, ќе можеме да ја зголемиме нивната потрошувачка на домашниот пазар и да го поттикнеме преработувањето на сировините. Исто така, ќе го зголеми снабдувањето со енергетски ресурси на другите региони во светот на коишто тоа навистина им е потребно“, рече Путин на виртуелниот состанко со функционерите задолжени за развој на рускиот дел на Арктикот.

Путин изјави дека Западот е виновен за енергетски криза, бидејќи не сака да за соработува со Русија.

„Одбивањето неколку западните земји нормално соработуваат (со Русија), вклучително по прашање на руските енергетски ресурси, туки погоди милиони Европејци, Тоа предизвика вистинска енергетска криза. Секоко дека и ние се соочуваме со проблеми, но тоа отвора нови можности“, рече Путин.

Додаде дека непријателските земји ги уништиле синџирите на снабдување во руските арктички региони и дека некои земји не ги исполнуваат своите загрозување на договорните обврски, создавајќи со тоа проблеми за Москва,.

„Русија е подготвна да продава нафта и нафтени деривати на „пријателските земји во кој и да е распон на цените“, бидејќи традиционалните купувачи ги избегнуваат руските испораки присилувајќи ја со тоа Москва да го намали произвдоството“, изјави во средата за медиумите ркиот министер за енергетика Никај Шулгинов.