![7jeN7N5](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/7jeN7N5.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Светската анти-допинг агенција (ВАДА) побара суспензија за руските атлетичари поради наводниот организиран допинг.
Борбата мора да биде отворена, спортот е интересен единствено ако е чесен. Некој мора да преземе одговорност за ова. Важно е да спроведеме и сопствена внатрешна истрага, и нагласувам ќе овозможиме професионална соработка со интернационалните анти-допинг тела, рече Путин.
Меѓународната атлетска федерација истакна дека ќе го разгледа барањето на ВАДА за суспензија на Русија од Олимписките игри во 2016 година, а претседателот на организацијата, Себастијан Коу побара и дополнително објаснување од Русите.
Русите, пак, истакнаа дека доколку биде неопходно ќе се обратат и до Судот за арбитража во спортот во Лозана, како би ја докажале сопствената невиност.