Путин потпиша нов указ за санкции кон Западот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша нов указ за економски санкции, со кој се наредуваат нови санкции како одговор на „непријателските дејствија на одредени странски држави и меѓународни организации“, објави Скај њуз.

Според новиот декрет потпишан од Путин, Русија ќе забрани извоз на производи и суровини на лица и државни субјекти кои одлучила да ги санкционира.

Новата регулатива исто така забранува финансиски трансакции со странци и компании од списокот на санкционирани и им дозволува на руските компании и поединци погодени од западните санкции, да не ги исполнат договорните обврски кон западните партнери.

Западните земји воведоа серија остри санкции за руските државни компании и функционерите поврзани со Кремљ поради руската инвазија на Украина, која започна кон крајот на февруари.