Путин: Повлекувањето на САД од договорот INF ќе поттикне трка во вооружувањето, Европа може да биде цел

© AFP 2018 / POOL / Vincent YU

Американското повлекување од договорите за разоружувања, како што е договорот за поседување нуклеарно оружје со срден и кус дострел, ќе доведе до трка во вооружувањето и до извонредно опасна ситуација, оцени во средата рускиот претседател Владимир Путин и ги предупреди европските земји дека може да станат цел доколку на своја територија разместата американск стратешки проектили.

„Доколку сите договори бидат раскинати, нема да има ништо од намалувањето на оружјето. Мислам дека тогаш ситуацијата ќе биде извонредно опасна. Нема да преостане ништо друго, туку трка во вооружувањето“, изјави рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција во Москва.

„Не’ загрижува тоа што е поништен договорот ABM за противбалистичкиите проектили (од 2001 година), сега се преговара за INF, а судбината на START (за намалувње на стратешкото вооружување) не е јасна“, рече Путин на заедничкат прес-конференција со италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Рускиот претседател веднаш предупреди дека „главното прашање е што САД ќе сторат доколку се повлечат“ од договорот INF. „Доколку разместат ракети во Европа, тогаш мораме да одговориме на ист начин“, порача Путин.

„Европските земји коишто ќе дозволт разместување на американските стратешки ракети на својата почва, ќе мора да сфатат дека се на територија на којашто ѝ се заканува евентуална реакција“ предупреди челникот на Руската Федерација.

Путин, сепак, изрази надежи дека за тоа ќе разговара со Трамп по повод нивната средба во Париз, која е планирана за 11-ти ноември по повод одбележувањето на стогодишнината од завршувњето на Првата светска војна.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави во саботата на 20-ти октомври дека САД предвидуваат излегување од Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty) кој во 1987 година го потпишаа тогашните лидери американскиот и последниот советски челник, Роналд Реган и Михаил Горбачев. Договорот INF беше потпишан на 8-ми декември 1987 година, а стапи на сила на 1-ви јуни 1988 година. Со него се опфатени распоредените и нераспоредените проектили со помал дострел, од 500 до 1.000 километри, и со среден дострел, од 1.000 до 5.500 километри.

Во последните години, особено по избувнувањето на неколкуте воени кризи, како украинскта и сириската, САД повеќепати ја обвинуваа Русија дека не се продржува до договорот. Москва категорично ги отфрла овие обвинувања и смета дека Вашингтон има претензии за нарушување на спроведувањето на договорот.

Трамп ја обвинува Русија дека не го почитува овој договор „веќе многу години“. Притоа Трамп пред своите поддржувачи во сојузната држава Невада дозволи можност за склучување нов договор за проектилите со среден и покус дострел со Русија но и со Кина, доколку Москва и Пекинг дадат уверувања дека ќе престанат да го развиваат овој тип оружје.