Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, го повика премиерот на Ерменија, Никола Пашинијан, да му се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин за спасувањето на неговата земја.
Тој истакна дека Азербејџан повеќепати и се обраќал на Москва со барање да влијае на Ерменија, која е „100 проценти“ зависна од Русија, пренесува Спутник.
„Русија, како наш сосед и земја која има заедничка историја и со Азербејџан и со Ерменија, се разбира, игра посебна улога. Таа се заснова на историјата и соработката на нашите народи, како и на тежината и улогата на Русија во светот и, се разбира, во нашиот регион “, истакна претседателот.