Путин повторно порача дека Русија е подготвена да разговара за Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во вторникот дека Москва е подготвена за разговори со Киев, САД, Европската унија за иднината на Украина доколки тие тоа го сакаат, но дека притоа ќе бидат доследно бранети националните и безбедносни интереси на Русија.

Руската инвазија во Украина кон крајот на февруари 2022 година следеше откако САД и НАТО во декември 2021 година го одбија предлогот на Русија за потпишување на обврзувачки договор кој ќе ги гарантира интегритетот и безднедностна на Руската Федерација, а кој предвидуваше и запирање на ширењето на западниот воен блок кон руските граници, што вклучуваше и невклучување на Украина и Грузија во Алијансата.

„Членството на Украина во НАТО, за Русија не е прифатливо ниту за десет, ниту за дваесет години“, порача повторно во вторникот Путин кој учествувше во работата на проширениот колегиум на Министерството за одбрана.

Путин од тогаш во повеќе наврати порача дека е наклонет да разговара за мир, со уважување на интересите на Русија. Москва и Киев беа блиску до договорот во март 2022 година по преговорите во Истанбул кога бил подготвен и документ за потпишување, но како што сега потврдуваат и високи функционери и западни и украински медиуми, украинскиот претседател Володомир Зеленски бил одговорен од таквата идеја по ненајавената посета на Киев на почетокот од април лани на тогашниот британски премиер Борис Џоносн и американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

Последните изјави на Путин за отвореност за преговори за постигнување мир, западните функционери ги сметаат како дел од стратегијата на рускиот претседател кој го чека исходот од американските претседателски избори во ноември 2024 година, пред навистина да се заложи.

„Во Украина, оние коишто се агресивни кон Русите и Русија, како и во САД и во Европа, сакаат ли да преговраат? Па нега, но ние тоа ќе го сториме врз основна на нашите национални интереси. Нема да се откажеме од она што е наше“, им рече Путина на воените функционери во Москва, мислејќи на регионите во Украина каде што е доминантно руското и рускојазичното население, од кои некои минатато лето се приклучија на Руската Федерација.

Русија, според западните проценки, сега контролира 17,5 отсто од меѓународно признатата територија на Украина. Киев возвраќа дека нема да биде мирен сѐ додека и последниот руски војник не биде протеран од Украина, за што веќе се појавуваат и сомневања меѓу нејзините западни сојузници.

Путин денеска повтори дека САД ја искористуваат Европа за своите интереси нанесувајќи му штети на континентот, и уште еднаш ги нарече бесмислени тврдењата на американскиот претседател Џо Бајден кој минатата седмица рече дека Русија планира да предизвика војна на континентот со напад врз земја членка на НАТО.

Во однос на актуелната состојба на боиштетот во Украина, Путин, исто така, истакна дека Москва нема да се откаже од целите на, како што ја нарекува, „специјална воена операција“.

„Западот не се откажува од својата стратегија за воздржување на Русија и од неговите агресивни цели во Украина. Но, ние нема да се откажеме ниту од нашите цели за специјална воена операција“, рече Путин.

Истакна дека денеска руската армија има иницијатива на фронтот во Украина.

„Во суштина, го правиме она што го сметаме за неопходно…., онаму каде што е потребно, онаму каде што вие, генерално, командантите, сметате дека е соодветно да се придржувате до активна одбранбена тактика, тоа се случува и каде што е потребно, ги подобруваме нашите позиции“, рече Путин/

Рускиот челник изјави и дека непријателот претрпува големи загуби и во голема мера ги потрошил своите резерви, а митот за надмоќноста на западната воена опрема се распаднал.