Путин пред одбранбените функционери за загубите на Украина, односот кон „Вагнер“ и реформи

Рускиот претседател Владимир Путин, два дена по еднодневниот вооружен бунт предводен од шефот на приватната воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, на средбата со функционерите во руското Министерство за одбрана, меѓу другото, зборуваше за украинските загуби во неодамна започнатата противофанзива и односот на руската држава кон споменатата паравојска.

Украина на почетокот од јуни ја започна својата долгонајавувана и подготвувана протиофанзива со цел да ги потисне руските сили кои од крајот на ланскиот февруари под контрола ги држи југоисточните украински региони доминантно населени со руско и рускојазично население.

Властите во Киев велат дека имаат напредување во офанзивните дејствија последниот месец, но тврдат дека вистинските контраофанзивни дејствија допрва следуваат, а западните воени аналитичари оценуваат дека станува збор за тактика на украинската војска да ги испита слабите точки на руската одбранбена линија.

Од друга страна, руското Министерство за одбрана секојдневно известува дека руската војска ги одбива нападите на украинските сили со наводно големи загуби на украинската страна.

„Штотуку ги добив прецизираните податоци. Од 4-ти јуни, односно од почетокот на таканаречената противофанзива, непријателот изгуби 259 тенкови и 780 борбени оклопни возила“, рече Путин во вторникот на состанокот со офицерите и функционерите во руската одбрана.

За разлика од сличниот состанок на 13-ти јуни, рускиот претседател, барем во делот од состанокот кој диркетно беше емитван на државнаа телевизија, сега не ги прецизираше податоците колку од тие уништени украински тешки борбени возила се од западно производство, но познато е дека во офанзивата на Киев се ангажирани стотина германски тенкови „Leoparda“ и стотици американски борбени возила „Bradly“.

Истовремено, Путин во контекстот од саботниот бунт на приватната паравојска „Вагнер“ во заднината на шпекулациите како таа поседува свои авиони, тенкови, системи за противвоздишна одбрана…, рече дека сето тоа го обезбедила државата.

Одржувањето на „Вагнер“ било на плеќите на државата. За една година сопственикот на „Конкорд“, компанијата на Пригожин кого Путин директно не го именуваше, заработила од државата преку одделот за логистика од снабдување со храна и обезбедување други услуги за армијата во периодот мај минатата 2022 до мај 2023 годона, заработила 86 милијарди рубљи, близу 950 милиони американски долари.

„Се надевам дека никој ништо не украл или поткраднал, но со со сето тоа ќе се справиме“, рече Путин.

Додека во саботата траеше „маршот на правдата“ на борбената колона на „Вагнер“ кон руската престолнина, седиштето на компанија во Санкт Петербург без отпор беше заземено од страна на руските специјални сили. Подоцна руското внатрешно разузнавње Федералната служба за безбедност (ФСБ), во возилата близу седиштетот на компанијата на Пригожин во картонски кутии во возила биле откриени во готовина 4 милијарди руски рубљи, односно 47 милиони американски долари, за кои шефот на „Вагнер“ рече дека тие биле наменети за плати на припадниците на паравоената формација и други трошоци.

На истиот состанок, рускиот претседател поради разгорената дискусија во општеството за постоењето на приватните воени компании кои особено во услови на воени дејствија како сега во Украина се автономни во своето дејствување од Министерството за одбрана, посочи кој според него треба да го оформува столбот на руските вооружени сили.

„Веќе му кажав на министерот за одбрана (Сергеј Шојгу, чија оставка заедно со началникот на Генералштанот, Валериј Герасимов ја бараше Пригожин), но сакам да повторам. Од оние кои во борбените активности се однесуваат исправно и во блиска иднина треба да се формира скелетот на раководството на руските вооружени сили на Руската Федерација, вклучително и во нејзините воздухопловни единици“, рече Путин во она што се чини како најава на можеби радикални промени во рускиот воен врв или неговото функционирање.

Евгениј Пригожин објави дека бунтот на „Вагнер“ е последица од наводен ракетен напад на руската војска врз камп на паравојската но беше израз на неговата повеќемесечна нетрпеливост со Шојгу и Герасимов, кои ги обвини за некомпетнентност во водењето на војната во Украина и наводно за корупција.

Меѓутоа, објавувајќи ја својата одлука за повлекување на колоната која стаса на околу 200 километри пред Москва, Пригожин бинтот, меѓу другот, го објасни и со зборовите „сакаа да нѐ расформираат“.

Имено, според законот донесен претходно месецов, сите доброволци, вклучително и оние од приватните воени компании меѓу кои е и „Вагнер“ и други автономни паравоени формации до 1-ви јули мора да потпишат договори со Министерството за одбрана, а Пригожин во понеделникот во аудио објава рече дека само 2 отсто од „вагнеровците“ го потпишале тој договор.

Во телевизиското обраќање до нацијата во понеделникот вечерта Путин заблагодарувајќи им се на борците на „Вагнер“ за нивните придонеси во борбите во Украина на неговите борци по договорот нивиот шеф да замине во доброволен егзил во Белорусија, им понуди три опции.

„Им благодарам на оние војници и команданти на ‘Групата Вагнер’ кои ја донесоа единствената правилна одлука – не тргнаа кон братоубиственото крвопролевање, застанаа на последната линија. Сега имате можност да продолжите да ѝ служите на Русија со склучување на договор со Министерството за одбрана или други органи за спроведување на законот или да им се вратите на семејствата и пријателит… Секој (од вас) што сака може да оди во Белорусија. Ветувањето што го дадов ќе го исполнам. Повторувам, изборот е на секој од вас, но сигурен сум дека тоа ќе биде изборот на воините на Русија, кои ја осознаа својата трагична грешка“, рече Путин.