Путин предупреди дека Русија остро и молскавично ќе одговори на надворешните провокации

Рускиот претедател Владимир Путин изјави во средата дека Москва „остро и молскавично“ ќе одговори на секоја надворешна провокација и ги осуди постојаните непријателски потези во однос на Русија.

Во говорот за состојбата на нацијата пред високите државни функционери и пратениците од двата дома на рускиот парламент, претседателот Путин изјави дека Русија сака добри односи со другите земји и оти се надева дека ниедна нема да ја мине „црвената линија“.

Изјавите на претседателот на Русија доаѓаат во времето кога САД и нивните сојузници од западна Европа ги зголемија тензиите за редица прашање за кои не нудат докази, од наводно мешање во американските претедателски избори и хакирања, до руските воени маневри на руските западни граници и кон Украина, до затворениот опозициски активист Алексеј Навални кого Западот прави обид да го произведе во политичар кој би ја водел опозицјата против Владимир Путин.

„Ние сакаме добри односи… и навистина не сакаме да ги уриваме мостовите. Но, доколку нашите добри намери некој погрешно ги толкува како рамнодушност или слабост и сака да ги спали, па дури и да ги крене во воздух тие мостови, мора да знае дека одговорот на Русија ќе биде асиметричен, молскавичен и остар“, предупреди Путин.

Русија во секој поединечен случај на активностите на странските земји ќе одреди каде е таа „црвена линија“ додаде Путин.

Го осуди и она што Москва објавувајќи податоци го означи како „обид за преврат“ во соседна Белорусија зад кој стоја западните разузнавање.

„Употребувањето на неправедните санкции прераснува во нешто многу посериозно: обид за пуч во Белорусија“, истакна Путин во очигледната поддршка за белорускиот претседател Александр Лукашенко кој се справува со најжестокиот атак на локалните опозициски сили поддржани од Западот.

Путин директно не го спомена Навални, кој сега е затворен откако беше осуден поради непочитување на пресудата за домашен притвор за финансиски криминал и кој според Западот наводно бил труен во Русија и кој според неговите соработници две седмици штрајкува со глад. Неговите приврзаници организираа недозволени собири во повеќе градови токму додека Путин се обраќаше во Думата.

Предупредувањето на Путин упатени кон Западот беше кулминацијата во 78-минутниот говор во кој доминираше здравствената криза и руското справување со епидемијата на Covid-19 и со тоа поврзаните економски проблеми.

Путин порача дека Русија посакува до есента да се постигне колективен имунитет на коронавирусот и ги повика Русите да се вакцинираат. Според податоците од минатата седмица, околу десет од 144 милиони жители, главно во метрополите во западниот дел во земјата, се вакцинирани од кои околу четири милиони со двете дози.

„Решението за овој проблем е во вашите раце, во рацете на сите граѓани. Уште еднаш ве повикувам: вакцинирајте се!“, рече Путин.

Рускиот претседател ја навести и можноста за измени на даночниот систем, велејќи дека корпоративниот сектор и покрај сите тешкооти поради пандемијата бележи рекордни профити.

„Ќе видиме како ќе ги трошат овие профити и имајќи го на ум тоа ќе преземеме некои чекори во смисла на фино обликување на законот за даноците на крајот од годината. Некои (компанија) исплаќаат дивиденда, а други вложуваат во својот и развојот на цели индустрии. Секако дека ќе ги охрабриме оние кои инвестираат“, рече Путин.

Зборувајќи за заштитата на природната средина, Путин рече дека бара да се забрза носењето закон според кој сопствениците на компаниите би биле финансиски одговорни за санирање на околината по евентуално нејзино загадување.

„Работата е едноставна: доколку заработувате на природата, исчистете зад себе!… Емисијата на стакленичките гасови мора да биде помала отколку во Европската унија“, истакна Путин изложувајќи ја целта до 2024 година за 20 отсто да се намали емисијата на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклената градина од дванаесетте најголеми индустриски центри во земјата.