Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во официјална посета на Монголија. Авионот на рускиот лидер слета на аеродромот во Улан Батор.
Посетата на рускиот претседател ќе трае два дена. Утре се планирани билатерални средби, вклучително и со монголскиот лидер Ухнаагиин Курелсух, како и потпишување на голем број документи и положување цвеќе на споменикот на маршалот на Советскиот Сојуз Георги Жуков.
На аеродромот во Улан Батор, Путин беше пречекан од почесна стража во национална облека. Претставниците на монголското раководство се сретнаа со рускиот лидер.
Традиционално, рускиот претседател кога патува во странство користи автомобил „аурус“ со руско знаме, а и овој пат со овој автомобил го напушти аеродромот. Поворката беше придружувана од почесна придружба на мотоциклисти, како што налага протоколот.
🇷🇺🇲🇳 Putin has arrived in Mongolia on an official visit.
— DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) September 2, 2024
Here is a video of him getting arrested… Oh, wait. Nevermind. pic.twitter.com/9FvbKkEc6t
Украинската влада ја повика Монголија да го изврши налогот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на Путин, за време на неговата посета на земјата.
Тоа ќе биде прво патување на Путин во земја-членка на МКС откако минатата година судот издаде налог за апсење на рускиот претседател поради „илегална депортација на украински деца“ Според Римскиот статут со кој се уредува судот, земјите-членки се обврзани да постапуваат по налозите за апсење на МКС доколку предметот е на нивна територија.
Москва рече дека не е загрижена за можноста Путин да биде уапсен во Монголија.
„Немаме грижи. Имаме одличен дијалог со нашите пријатели од Монголија“, изјави во петокот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Сите аспекти од посетата беа внимателно подготвени.